Manchester United

Tuesday, May 24, 2011

Состав


Бр. Нац. Позиција Играч
1 Холандија GK Едвин ван дер Сар
3 Франција DF Патрис Евра
4 Англија MF Овен Харгривс
5 Англија DF Рио Фердинанд
6 Англија DF Вес Браун
7 Англија FW Мајкл Овен
8 Бразил MF Андерсон
9 Бугарија FW Димитар Бербатов
10 Англија FW Вејн Руни
11 Велс MF Рајан Гигс
12 Англија DF Крис Смолинг
13 Јужна Кореја MF Парк Ји-Сунг
14 Мексико FW Чичарито
15 Србија DF Немања Видиќ (капитен)
16 Англија MF Мајкл Керик
17 Португалија MF Нани
18 Англија MF Пол Сколс
20 Бразил DF Фабио

Бр. Нац. Позиција Играч
21 Бразил DF Рафаел
22 Ирска DF Џон О'Шеј
23 Северна Ирска DF Џони Еванс
24 Шкотска MF Дарен Флечер
25 Еквадор MF Антонио Валенсија
26 Франција FW Габриел Обертан
28 Ирска MF Дарон Гибсон
29 Полска GK Томас Кушчак
33 Португалија FW Бебе
34 Данска GK Андерс Линдегард
40 Англија GK Бен Амос
Манчестер Јунајтед Ф.К. (англиски: Manchester United F.C.) е светски познат професионален фудбалски клуб од Англија, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига, има 18 освоени титули, заедно со Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Лигата на Шампиони 3 пати, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш. Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1 милијарда и 330 милиони евра.

Од 1991 година клубот се водеше како Друштво со ограничена одговорност и требаше да биде преземено од Руперт Мердок во 1998 преку зделка што беше блокирана од британската влада. Кон крајот на 1990тите, вредноста наклубот достигна повеќе од £1 милијарда, правејќи го процесот на откупување безмалку невозможен. Сепак, во мај 2005, Малколм Глејзер го заврши преземањето на компанијата против волја на клубот и го повлече името Манчестер од лондонската берза.

Моментално, капитен на Манчестер Јунајтед е Гери Невил, кој капитенската улога ја презеде од Рој Кин на 16 ноември 2005 година.

Manchester United 2010/2011